четврток, април 25, 2024
домаБерлин: Водени топови врз демонстрантите кои се против ограничувачките мерки на владата

Берлин: Водени топови врз демонстрантите кои се против ограничувачките мерки на владата

Берлинската полиција, засилена со полициски единици од цела Германија, распоредени денес во голем дел од центарот на Берлин, употреби водени топови врз демонстрантите кои протестираат против ограничувачките мерки на владата.

Полицијата соопшти дека демонстрантите ги игнорирале предупредувањата да стават маски и да ја одржуваат пропишаната физичка дистанца.

По интервенцијата со водени топови, полицијата истрча меѓу демонстрантите и уапси неколкумина, а демонстрантите возвратија со петарди и факели, пренесе АП.

Во германскиот Бундестаг пратениците денеска гласаат за нацрт-законот со кој на германската влада ќе и се овозможи сама да воведе анти-епидемиски ограничувања, без претходно одобрување од парламентот.

Владата забрани собирања, беа поставени заштитни огради околу државните институции во случај демонстрантите да не ја почитуваат забраната на владата, но сепак, голема група луѓе се собраа утрово кај Бранденбуршката порта, недалеку од зградата на парламентот, а само неколкумина носеа заштитни маски и се придржуваа кон пропишаното физичко растојание.

Иако повеќето Германци ги прифаќаат и почитуваат најновите мерки на владата, критичарите тврдат дека усвојувањето на новиот закон ќе и даде на германската влада премногу моќ и ќе ги загрози граѓанските права на Германците, бидејќи мерките ќе бидат донесени без претходно одобрување до Бундестагот.

Ултрадесничарската Алтернатива за Германија го спореди ваквиот закон со Актот за одобрување (влада) од 1933 година, кој беше донесен од нацистичкиот режим на Хитлер, објави Ројтерс.

На протестите во Берлин беа носени натписи, вклучително и оној на кој пишуваше „Вратете ни ги животите“. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ