Силвио Берлускони, Фото: AP/Luca Bruno

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (84) е во болница од понеделникот и нема да присуствува на јавни настани во блиска иднина.

Не е познато зошто медиумскиот тајкун е хоспитализиран, но еден од два извори тврди дека „не е ништо сериозно“, пренесува Ројтерс.

Берлускони не дојде на судското рочиште во Милано утрово во врска со еден случај во кој е вмешан. А.Р.