Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој е позитивен на корона вирусот, беше хоспитализиран во Милано „од претпазливост“, беше објавено утрово од неговото опкружување.

Според изворите, Берлускони бил примен во болница минатата ноќ по појавата на одредени симптоми. Лекарите, се додава, не изразиле загриженост.

Берлускони на крајот на месецот ќе наполни 84 години. А.Н.