Филхармонија ќе одржи концерт в четврток во 20 часот насловен „Бетовен #3“ на кој како солисти ќе настапат тројца исклучителни музичари – Емир Имеров- виолина (Германија), Александар Кагановски- виолончело (Швајцарија) и Ваг Папијан-пијано (Израел). Како солисти ќе настапат во изведбата на Концерт за виолина, пијано, виолончело и оркестар оп.56 од Бетовен. Диригент е Конрад ван Алфен од Холадија, а на програмата е и Серенада за дувачки оркестар од Антонин Дворжак.

Концертот за виолина, виолончело и пијано во С-дур, оп.56, познат како Троен концерт, Л.В.Бетовен (1770-1827) го напишал во 1803 година. Изборот на инструменти всушност формално го прави пијано трио и тој е единствениот концерт кој Бетовен го напишал за повеќе од еден инструмент. Музиколозите го дефининираат како помалку брилијатен “брат“ на другите дела кои ги создал во истиот период – операта “Фиделио“, Четвртиот пијано концерт, Виолинскиот концерт и Четвртата симфонија.

Серенадата за дувачи, виолончело и контрабас во d-мол, оп.44 е камерно дело на чешкиот композитор Антонин Дворжак (1841-1904). Делото му е посветено на германскиот композитор и музички критичар Луи Елерт, кој ги промовирал неговите “Словенски танци“ во германскиот печат. Создадена е во 1878 година, а премиерно била изведена истата година под диригентската палка на композитор. Серенадата музички евоцира атмосфера на музичките изведби во замоците за време на периодот на Рококо, каде што се мешале аристократијата и обичните луѓе. Напишана е во типичен „словенски“ стил (непосредно по неговитѕе „Словенски танци“), и иако во неа нема фоклорни  цитати во вториот став има специфичен бохемиски танцов ритам.

Емир Имеров (Скопје, 1975) ја добива прва награда на виолински натпревар на 12 години. Во 1991 година се сели во Германија, каде продолжува да учи виолина во музичкото училиште во Менхенгладбах, а потоа студира на Музичката академија во Вурцбург во класата на Г.Зислин каде што дипломира во 2000 година.

За време на студиите учествува на натпреварот „Менделсон“ на Баварскиот колеџ за музика, на кој ја добива првата награда и двегодишна стипендија. Имеров е член на кваретот „Виртуози од Санкт Петербург“ со кој беше на турнеја во САД, Австралија, Швајцарија и Германија. Во 1998 година Имеров добива прва награда со своето трио на натпреварот за камерна музика во Тулуз, а истата година и прва награда на натпреварот за виолина во Ташкент. Продолжува со магистерски студии кај проф. Д.Гаеде, концерт мајстор во Виенскиот филхармониски оркестар. Посетува и мастер класоцви кај Брон и Третјаков. Од 2004 година Имеров е прва виолина во симфонискиот оркестар во Менхенгладбах и предава на тамошната музичка академија. Држи и часови како гостин професор во Грција, Полска, Германија, Белгија и Хрватска.

Александар Кагановски е роден во Киев, Украина. Првите музички часови ги имал на пет години. Само неколку години подоцна настапил како солист, а на шеснаесет години ја добил првата награда на државниот натпревар по музика во Украина. Студиите ги продолжува на академијата за музика во Тел Авив кај проф. Узи Виесел и ја добива првата награда на натпреварот кој го организира академијата. Во 1985 година ја добива првата награда на натпревар во Израел, и од тогаш е член на Ираелскиот гудачки квартет. Од 1998 година Александар Кагановски живее во Швајцарија. Настапувал како солист на бројни фестивали во австрија, Италија, Чешка, Швајцарија, Норвешка, Русија, Франција, Германија… Како солист настапувал со оркестри во Германија, Франција, Израел, Италија, Луксембург, Белгија, Холандија, Шпанија, Чешка, Русија… Настапапувал со диригенти како Гери Бертини, Рудолф Баршаи, Дмитри Китајенко, Дејвид Робертсон, Арнолд Кац и др. Александар Кагановски е професор на Интернационалната академија во Кремона (Италија)…

Интернационалната кариера на Ваг Папијан како пијанист започнува во 1979 година откако ја добива првата награда на натпреварот во Лисабон. Веднаш почнува да настапува како солист со водечките оркестри во тогашниот СССР, како и да одржува рецитали во Санкт Петербург и Москва. Папијан дипломира на Московскиот конзерваториум во класта на познатиот професор Михаил Воскресенски. Во 1982 година Папијан продожува со едукација на конзерваториумот во Санкт Петербург во класата на легендарниот професор Илја Мусин. Во 1984 година Валери Гергиев го кани да стане диригхент  на Ерменскиот филхармониски оркестар, каде што три годин иподоцна ќе стане уметнички директор и шеф диригент. Како диригент работел со речиси сите водечки симфониски оркестри, а исто така продолжува да настапува и како концертен пијанист. Како пијанист настапувал во Базел, Барселона, Женева, Торонто, Отава, Њујорк, како и во Јужна Америка и на Далечниот исток. Диригирал со Новата јапонска филхармонија, Израелскиот камерен оркестар, Израелската филхармонија. Како рецитален партнер на Максим Венгеров, Папијан свирел во Европа, САД и Далечниот Исток…

Конрад ван Алфен е инспиративен диригент кој ги прави нештата да се случуваат, ќе напише критиката за холандскиот маестро. Етаблираниот холандски/ јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен се стекнал со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Скорешните интенационални турнеи на оркестарот ги вклучуваат: Русија, Мексико, Бразил, Колумбија и Чиле. Од 2005 до 2009 година Конрад ван Алфен бил на позицијата шеф-диригент на Државниот симфониски оркестар „Сафонов“ во Русија, каде што се здобил со наградата за својот придонес во културата во Јужна Русија. Во моментот е уметнички директор на „Московското филхармониско здружение“ во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски“. Низ изминатите години неговите соработки со Рускиот нацинален оркестар и солистот Михаил Плетнеев на фестивалите во Монтро и Мерано резултирале со неколку покани за соработка за турнеите во Кина и во Јужна Америка. Конрад ван Алфен е роден во 1963 година во Преторија. По завршувањето на своите музички студии на 26-годишна возраст, тој се преселил во Холандија и ја имал постојаната позиција на контрабасист во Радио-симфонискиот оркестар и на академијата „Бетовен“ во Антверпен, Белгија, паралелно студирајќи и диригирање под раководство на Ери Клас и Роберо Бензи. А.Р.