Утрово, граѓаните на Бејрут повторно во паника бегаат од центарот на градот, бидејќи гори зграда во трговска област. Новиот пожар следеше само неколку дена откако изгоре магацин во пристаништето каде се случи страшна експлозија пред нешто повеќе од еден месец која однесе неколку стотици животи.

Снимките од зградата во пламен кружат по социјалните мрежи, а густиот чад повторно лебди над градот.

– Според првите информации, никој не е повреден, а пожарникарите успеале да го локализираат пожарот – најавуваат властите.

Засега не е позната причината за пожарот, а граѓаните панично почнаа да бегаат. А.Н.