Владината рекоснтрукција изгледа почна порано од планираното. Министерот за правда, Билен Саљили, вечерва на прес конференција во Владата соопшти дека поднесува оставка од функцијата од морални причини.

Причина за неговото заминување од министерската функција како што кажа е случајот со малиот Алмир.

Алмир Алиу беше прегазен со автомобил од Бобан Илиќ, по претходна расправија меѓу возрасните. Судскиот случај по две години од убиство беше преквалификуван во сообраќајна незгода. Оштетените сметаат дека детето било згазено намерно и оти Илиќ треба да одговара за убиство.