DSC09151edit

Во 2017 година, Елена Маниети и Рајан Озборн се одлучиле на она за што многумина сонуваат – тие се откажале од својата работа, купиле брод и решиле да патуваат низ целиот свет, пренесува „Би-Би-Си“.

Тие ги замолиле нивните семејства да останат во контакт, но со правилото дека нема лоши вести.

Двојката, која живеела во Манчестер, минатиот месец патувала преку Атланскиот океан од Канарските острови до Карибите, додека, за нив непознатиот, коронавирус се ширеше низ целиот свет.

По 25 дена на море и со малку комуникација со надворешниот свет, парот планирал да закотви на мал остров кон средината на март. Меѓутоа, кога успеале да фатат телефонски сигнал, сфатиле дека островот е затворен и дека светот е зафатен од пандемија за која не знаеле.

Семејството на Елена е од регионот Ломбардија во Италија, најтешко погодено од корона вирусот.

Тие раскажале дека прво се обиделе да се закотват во Кари, но кога пристигнале, откриле дека сите граници се затворени. Двојката потоа планирала да патува до Гренада и кога дошле на море во област каде сигналот 4G бил доволно добар, сфатиле што се случува и колку се проширила епидемијата.

„Нашата пријателка веќе беше во Сент Винченто и можевме да стапиме во контакт со неа, но таа ни рече дека ќе ни биде одбиен влезот затоа што јас сум италијански државјанин, иако не бев во Италија со месеци“, вели Елена.

За среќа, благодарение на GPS сигналот, парот бил во можност да докаже каде патувал и не биле во Италија со месеци.

„Кога се закотвивме, се јавив кај татко ми и тој ми рече да не паничам. Ми испрати текст од Њујорк Тајмс за нашиот град и јас бев шокирана“,раскажала Елена.

Таа и Рајан моментно се безбедни во Сент Винченто, но тие се загрижени затоа што не знаат колку можат да останат тука. Целта им е повторно да запловат пред да започне сезоната на урагани во јуни, но тие знаат дека државите се затворени поради епидемијата.

„Во сендвич сме помеѓу сезоната на урагани и вируси“, вели Елена. А.Н.