Илустрација: Вакцина против коронавирус

Германската лабораторија „Бионтек“ денес најави дека ќе ја забрза испораката на вакцини против коронавирус до Европската унија и вети 75 милиони дополнителни дози во вториот квартал.

„Бионтек“ и американската компанија „Фајзер“, со која е развиена вакцината, „ќе ги зголемат испораките од недела, 15 февруари“.

Целта е да се испорача количината за која се обврзаа во првиот квартал, како и „до 75 милиони дополнителни дози на ЕУ во вториот квартал“, според постојните договори, се наведува во соопштението на финансискиот директор на „Бионтек“ Сиерко Петинг.

Соопштението е издадено пред состанокот меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и регионалните претставници за вакцините против коронавирусот. А.Р.