Ковид-19 Фото: Pixabay

Познатата американска агенција „Блумберг“ денеска го пофали досегашниот процес на вакцинација во Србија и истакна дека, благодарение на економските мерки, земјата е на пат за излез од кризата предизвикана од пандемијата.

– Една од најбрзите европски програми за вакцинација против ковид и помага на Србија да се движи низ пандемијата без натамошно намалување на каматните стапки. Централната банка, која беше прва банка во Европа што ги намали трошоците за позајмување кога започна пандемијата, денес ја задржа референтната стапка на рекордно ниско ниво од 1 процент, како што предвидоа сите 19 аналитичари што ги анкетираше – гласи текстот објавен под наслов „Србија според стапката на вакцинација и натаму меѓу најбрзите земји во Европа“.

Блумерг потсетува дека „најголемата поранешна југословенска република“ набави три достапни вакцини против корона и дека заедно со Велика Британија и Малта може да се пофали со најголема стапка на вакцинација по глава на жител на Стариот континент.

-Тоа, заедно со свежиот стимулативен план од три милијарди долари, кој вклучува распределба на пари за компании и домаќинства, треба да биде доволно за да се води економијата низ кризата предизвикана од пандемијата – се вели во текстот.

Американската агенција наведува дека Србија, по намалувањето на трошоците за позајмување и зголемувањето на државната потрошувачка минатата година забележала една од најплитките економски контракции во Европа.

– И покрај предвидувањата за скок од шест проценти во 2021 година, аналитичарите гледаат дека инфлацијата ќе остане под два проценти и не предвидуваат какво било зголемување на цената до следната година. Новиот пакет олеснување што се очекува наскоро треба да овозможи српската економска активност да се врати на нивото пред пандемијата во вториот квартал – се вели во текстот. А.Р.