Премиерот Бојко Борисов одржа видео конференција со канцеларката на Сојузна Република Германија Ангела Меркел, пренесува nova.bg.

Премиерот изрази уверување дека со помош на Германија ќе се постигнат точни и правилни решенија околу проблемот со Северна Македонија.

„Бугарија и јас сме благодарни за ангажманот на германското претседателство и на вас лично што барате формула што ќе овозможи почеток на преговорите на Република Северна Македонија за членство во Европската унија“, рече премиерот Борисов во разговорот со Меркел.

Пред германскиот канцелар, премиерот Борисов го искажа ставот на Бугарија, кој министерот за надворешни работи Екатерина Захариева го презентираше вчера во Берлин, кога таа кажа дека сè уште не се во позиција да ја одобрат рамката за преговори со Северна Македонија

За време на 40-минутниот разговор, премиерот Бојко Борисов изрази уверување дека со помош на Германија, особено за време на нејзиното претседателство со Советот на ЕУ, ќе се постигнат точни и правилни решенија.

Н.Д.