EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Кина денес ги критикуваше гигантите за малопродажба „Најк“ и „Х&М“, откако изразија загриженост проади обесправувањето и присилната работа на Ујгурите во кинеската провинција Синџанг.

Имено, шведската малопродажна модна компанија „Х&М “ објави дека ќе престане да купува памук од провинцијата Синџанг, на северозападот на Кина, бидејќи е „длабоко загрижена“ за тврдењата за нивната присилна работа.

„Најк“ исто така изрази загриженост во врска со извештајот за присилната работа на ујгурските муслимани, пренесува „Би-би-си“.

Поради оваа причина, многу Кинези повикаа на бојкот на овие компании, познати личности ги раскинаа договорите за рекламирање, а платформите за е-трговија ги елиминираа производите на „Х&М“ од нивната понуда.

Ова се случи откако неколку западни земји воведоа санкции против неколку кинески официјални лица оваа недела за кршење на човековите права – конкретно етничката група Ујгури.

Високи функционери од провинцијата Синџанг се под санкции, кои вклучуваат забрана за патување и замрзнување на имотот. А.Р.