четврток, април 25, 2024
домаБразилскиот сој на корона вирусот веројатно пристигна во Србија и е посмртоносен

Бразилскиот сој на корона вирусот веројатно пристигна во Србија и е посмртоносен

Директорката на ковид болницата во Батајница, Татјана Аџиќ Вукичевиќ, утрово за РТС изјавила дека има индиции дека бразилскиот сој на корона вирусот пристигнал и во Србија.

– Постојат индикации дека бразилскиот сој на вирусот се појави и во Србија – предупредила таа и додала дека секој нов вид на корона вирусот „е полош“, и во однос на преносливоста и според морталитетот.

Инфектологот д-р Драган Делиќ за српски „Курир“ изјавил дека новите соеви на вирусот што се појавуваат не се невообичаени, бидејќи вирусот циркулира сè повеќе и ние му даваме простор за тоа.

– Вакцините можат да се прилагодат на секој нов вид на вирус, затоа луѓето мора да се вакцинираат што е можно поскоро, во што поголем број, бидејќи вирусот се шири со кружни движења и создава се поголем број на мутации. Не смееме да му дадеме место и време да се прошири во нашата земја, бидејќи тоа е во негова корист и ќе создаде сè поголем број нови варијанти. Масовната вакцинација е единственото решение за да се спречи ширењето на нови видови – посочува Делиќ.

И српскиот вирусолог д-р Нада Куљиќ Капулица верува дека сите достапни вакцини штитат од сите видови, некои помалку, а некои повеќе.

– Вакцините се прилагодуваат на секој нов мутант што е откриен. Ова е случај со вакцината против грип. Вакцините што ги имаме сега се ефикасни и луѓето мора да се вакцинираат што е можно поскоро за да се избегне ново избувнување на нови соеви – вели таа.

Инаку, досега се откриени 92 варијанти на коронавирусот во Бразил, а најопасен е П.1, попознат како бразилски сој кој е далеку позаразен од „класичниот“ вирус и ја зголемил смртноста од 1.000 на 4.000 лица на ден во таа земја, а присутен е кај 90 проценти од новозаболените, пишува „Дојче веле“.  Весникот наведува дека вакцините на компаниите „Астра Зенека“ и „ФајзерБионтек“ произведуваат антитела против овој сој во лабораториски услови, но и дека вакцинираните лица можат да бидат нападнати од вирусот и да имаат поблаг тек на болеста, па затоа може да се каже дека овие вакцини се ефикасни, но дека сè уште нема сигурен одговор. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ