четврток, април 25, 2024
домаБразил почна со производство на вакцини „АстраЗенека“, 3,8 милиони дози до крај...

Бразил почна со производство на вакцини „АстраЗенека“, 3,8 милиони дози до крај на март

Бразил во понеделникот започна со производство на вакцини „АстраЗенека“ во државниот истражувачки центар „Фиокурс“ во Рио де Жанеиро, објавија локалните медиуми. Вакцината, од суровини увезени од Кина, ги помина потребните тестови и може да се очекува дека 3,8 милиони дози ќе бидат предадени на Министерството за здравство во Бразил до крајот на март.

Неодамнешниот увоз на пратка суровини за производство на 12,2 милиони дози вакцини „АстраЗенека“ ги зголеми надежите за помасовна вакцинација среде брзото ширење на коронавирусот во Бразил.

Со „Фиокруз“, Бразил има фабрика за лекови што се смета за најголема во Латинска Америка.

До средината на годината, „Фиокруз“ планира да произведе 110 милиони дози вакцини против коронавирус „АстраЗенека“ користејќи увезени суровини за нивно производство.

Во втората половина на годината, благодарение на трансферот на технологијата, ќе може да произведе нови 110 милиони дози целосно независно, пренесува ДПА.

Јужноамериканската земја започна да вакцинира во јануари. Досега, повеќе од 11 милиони луѓе се заразени со коронавирус во Бразил. Повеќе од 266.000 пациенти починаа од коронавирус. Поголем број смртни случаи се пријавени само во САД и Индија.

Неодамна, Бразил ја имаше најтешката недела од пандемијата, со околу 10.000 смртни случаи од коронавирус за седум дена.

Фондацијата Освалдо Круз (Фиокруз) е најистакната здравствена научна и технолошка институција во Латинска Америка која има за цел зајакнување на мрежите и подобрување на капацитетите за истражување на јавното здравство на регионално и глобално ниво каде што професионалци, студенти и истражувачи можат да споделуваат искуства, знаења, ресурси и истражувачки алатки.

„Фиокруз“ е поврзана со бразилското Министерство за здравство, а неговата мисија е да произведува, шири и разменува знаења и технологии со цел зајакнување и консолидирање на Унифицираниот здравствен систем и промовирање на здравјето и квалитетот на животот на населението. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ