Бројот на хотели во Шпанија објавени за продажба беше скоро за петтина поголем во октомври отколку во март, на почетокот на пандемијата на коронавирусот, а повеќето од нив се наоѓаат на познати туристички дестинации, објави во петокот портал за недвижнини.

На Балеарските острови се продадени 84 проценти повеќе хотели во октомври отколку во март, а 45 проценти повеќе во Андалузија, според порталот „Идеалиста“. Вкупно 557 хотели беа огласени на продажба на крајот на октомври, петтина од нив во Каталонија, објави „Идеалиста“. Скоро третина од хотелите во Шпанија беа затворени во октомври, според Централното биро за статистика.

Резервациите во хотели биле за 83 проценти пониски отколку во октомври минатата година, покажаа официјалните податоци објавени претходно оваа недела. Шпанската економија е во голема мера зависна од туризмот, кој е сериозно погоден од мерките за заклучување воведени за спречување на ширењето на коронавирусот. А.Н.