После лени Кравиц, Стинг и Ерос Рамацоти, во Скопје доаѓа еден од најголемите меинстрим артисти на светот на сите времиња, човекот со безброј хитови и истовремено големи песни- Брајан Адамс, најави денеска „Авалон продукција“.

На 13-ти ноември (денот кога градот секако слави) во Скопје за прв пат во живо ќе се слушнат „Summer of 69“, „Heaven“, „Please Forgive me“, „Everything I do (I do for you)“, „Have You Ever Really Loved a Woman“ и многу други.

Брајан Адамс доаѓа во Скопје во рамки на големата светска „Shine a light“ турнеја наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени ширум светот. Сите детали околу цените на влезниците ќе бидат познати вечер во 21 часот, а истите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 10-ти јуни во 9 часот наутро.

Брајан Адамс во живо со неговиот бенд е нешто што мора да го доживеете, порача организаторот.