Социјалните мрежи зовреа откако на инстаграм се појавија слики од наводната девојка на Бред Пит, манекенката Никол Потуралски. На инстаграм се појавија слики  на Никол со  нејзиниот сопруг Роланд Мари (68) пред неговиот ресторан во Берлин. И двајцата биле добро расположени, опуштени и какошто може да се види од сликите  не ги симнувале насмевките од лицето.

Странските магазини пренесуваат дека германската манекенка била видена како излегува од ресторанот „Борчард“ со својата пријателка, а потоа ѝ се придружил и нејзиниот сопруг со кого е во брак осум години. Медиумите забележуваат дека ова е нивно прво заедничко појавување откако во јавноста протече информацијата за наводната врска меѓу Никол и Бред Пит.

Само колку за потсетување веднаш откако се обелодени врската межу Бред Пит и Никол, странските медиуми открија дека новата девојка на Бред Пит е веќе омажена и има син, но дека нејзиниот сопруг Роланд не е љубоморен и не се грижи за нејзините вонбрачни афери. Според пишувањата на „добро информираните“, тие, наводно, имаат „отворен брак“, а Никол го запознала Роланд во неговиот луксузен ресторан, исто како и Бред.

Околу овие пишувања не се осврна Бред Пит кого деновиве го очекува ново рочиште за старателство на наеговите деца од бракот со Анџелина Џоли, а без коментар остана на неговата поранешна сопруга, Џенифер Анистон.

А.Н.