Додека трае оваа пандемија на коронарен вирус, актерот Бред Пит (56) го поминува своето време во неговиот дом во Лос Фелиз, Калифорнија. Според странските медиуми, холивудскиот супер стар не е сам таму, туку е придружуван од една негова колешка, а не е Џенифер Анистон. Според американските магазини станува збор за неговата колешка Алиа Шокет (31), која стана славна играјќи во серијалот „Arrested Development“.

Според US Weekly, актерката беше видена како ја напушта резиденцијата на Пит минатата недела. Она што е познато е дека Шокет живее само десет минути од Бред.
– Доста се дружат. Тие живеат десетина минути оддалечени, па Алиа вози велосипед или шета кон куќата на Бред кога сакаат да се релаксираат – изјавил изворот.
Двојката (Алиа Шокет и Бред Пит) порачувале храна, како што се хамбургери и пица – рече неименуван соговорник и објасни како Алија го инспирирала Бред во неговите уметнички дела и во исто време му дава совет во која насока да оди.

Алиа и Бред се запознаа во 2019 година преку меѓусебни пријатели.

И додека дел од магазините говорат за наводната врска меѓу Пит и Шокет, други пишуваат за тајната венчавка на поранешните сопружници кои неодамна повторно си рекле „ДА“.

Н.С.