Еден од најпопуларните и најпосакуваните актери на сите времиња, Бред Пит, наскоро треба да го добие своето седмо дете, пренесуваат странските медиуми.
После неколкумесечни шпекулации дека се смирил со Џенифер Анистон, дека тие биле тајно во брак, дека се за брак … се покажа дека Бред Пит всушност бил во врска со актерката Алиа Шокет. Џенифер, наводно, повторно била скршена од нејзината голема љубов, додека, наводно, младата љубовница на Бред, која е во дваесеттите години, потврдила дека е бремена и дека носи негово дете.
– Таа тврди дека „се смувала“ со Бред откако го запознала на приватна изложба. Очигледно, тие не користеле заштита – вели добро информиран извор.

Бред од бракот со Анџелина Џоли има шест деца, а како таа ќе реагира доколку вестите за бременоста на неговата љубовница се покажат како точни, останува да се види.

А.Н.