Видот на корона вирус кој првпат е откриен во Кент, би можел да стане доминантен вид во светот, предвидува шефицата на британската програма за генетски надзор.

Професорката Шерон Пикок за „Би-Би-Си“ изјави дека новиот вид на коронавирус „проструи“ низ земјата и дека, најверојатно, ќе „проструи низ целиот свет“. Таа додаде дека британските верзии на секвенционирање на вируси може да се бараат најмалку 10 години.

Досега, британскиот вид, според „Би-Би-Си“, е откриен во повеќе од 50 земји во светот. Првпат беше откриен во септември 2020 година во југоисточниот дел на Англија, а во следните месеци се рашири брзо низ целата земја, поради што Велика Британија во јануари воведе построги корона мерки.

Професорката Пикок, директорка на конзорциумот „Ковид-19 Геномикс Велика Британија“, вели дека „она што во моментов не погаѓа е преносливоста“.

– Кога еднаш ќе се најдеме на врвот (на вирусот) или тој самиот мутира, така што тој не е вирулентен и предизвикува болести – тогаш можеме да престанеме да се грижиме за тоа. Но, мислам дека, гледајќи во иднината, ќе го правиме тоа со години. Според мое мислење, тоа ќе го правиме во следните десет години – смета Пикок.

Во моментов достапните вакцини се направени за „претходни верзии“ на коронавирус, но научниците се уверени дека тие ќе бидат ефикасни и против новите видови, но можеби не премногу.

Професорката Пикок, која е на чело на институција што обединува здравствени установи и лаборатории кои анализираат околу 30.000 позитивни тестови на ден, вели дека вакцините што биле одобрени во Велика Британија ефикасно делуваат против сите видови на вируси откриени во земјата.

Во претходните недели, како што објаснуваат, беа избрани по пет до десет проценти од позитивните тестови кои беа испратени за понатамошна анализа на геномот, а конзорциумот наведува дека нивната цел е генетски да го тестираат секој тест позитивен на корона вирусот.

Професорката рече дека, иако е нормално да се видат нови варијанти на вирусот, само мал број примероци имаат „посебни карактеристики“ што можат да ги направат полесно преносливи, да избегнат имунолошки одговор и да влијаат на вакцинацијата или потенцијално да предизвикаат посериозна болест.

– Тоа се работите на кои внимаваме. Јас би рекла дека тоа ретко се случува, но мора да внимаваме на тоа – рече професорката, која претходно беше директорка на владината Национална служба за инфекции.

Нејзината изјава доаѓа во време кога Светската здравствена организација препорачува употреба на вакцината „АстраЗенека“ и во земјите каде што е откриен нов вид на коронавирус. Според „Би-Би-Си“,Оксфордската вакцина предизвика контроверзии во врска со нејзината ефикасност врз новите видови и дали треба да се користи кај постари лица и колку дози треба да се даваат, поради недостаток на податоци.

Раните испитувања во Јужна Африка, каде дошо до мутација која наводно му овозможува на вирусот „да избегне имунитет“ од вакцините и претходните инфекции, покажале дека вакцината обезбедува минимална заштита против блага и умерена болест кај младите луѓе. Сепак, директорката за имунизација при СЗО, д-р Катерина О’Брајан, посочи дека студијата во Јужна Африка е „неуспешна“ и дека е „веројатно“ вакцината ќе продолжи да спречува сериозни болести.

Научниците од Оксфорд сè уште очекуваат дека нивната вакцина ќе ги спречи луѓето сериозно да се разболат од ковид-19. А.Н.