Британските власти официјално побараа од надлежните органи да ја проценат вакцината развиена од „Астра Зенека“ и Универзитетот во Оксфорд за да утврдат дали ги исполнува сите безбедносни стандарди, а компанијата соопшти дека можеби ќе спроведе уште еден глобален тест за да се процени нејзината ефикасност.

Министерот за здравство Мет Хенкок потврди дека властите формално побарале од надлежните органи да ја проценат безбедноста на вакцината, пренесува Ројтерс.

Британската агенција за регулирање на лекови и медицински помагала започна забрзан процес за проценка на вакцината претходно овој месец, откако беа објавени резултатите за нејзината безбедност и ефикасност.

Владата на Велика Британија нареди 100 милиони дози на вакцина развиена од „АстраЗенека“ и од Универзитетот во Оксфорд, најголемата нарачка на вакцина во една земја.

„Астра Зенека“ очекува четири милиони дози вакцина да бидат достапни во Велика Британија до крајот на месецот, а министерот за здравство Мет Ханкок бара да започне имунизацијата пред Божиќ.

Вакцината, развиена од „Астра Зенека“, се смета за еден од најдобрите кандидати за земјите во развој, поради ниската цена на производство и транспорт, за што не се потребни посебни услови.

Сепак, научниците изразија сомнеж во веродостојноста на резултатите, што ја потврди ефективноста од 90% во групата волонтери кои првично добија половина наместо целата доза на вакцината по грешка.

Покрај тоа, некои експерти тврдат дека примерокот е премал за податоците добиени на овој начин да се сметаат за веродостојни.

„Астра Зенека“ наведува дека процесот на испитување во кој волонтерите добиле половина од дозата го следеле независни агенции и надлежните органи во Велика Британија, кои потврдиле дека нема причини за загриженост.

Извршниот директор на „АстраЗенека“ во понеделникот рече дека најверојатно ќе се спроведе уште едно глобално испитување за ефикасноста на вакцината со половина доза.

Компанијата ги објави во понеделникот резултатите од доцната фаза на тестот за вакцини во Велика Британија и Бразил, со што се потврди ефикасноста од 70%. А.Н.