Вработените во болниците во Велика Британија како што е најавено, за два дена ќе се подготвени за вакцинација против Ковид-19, пренесува британски „Телеграф“.

Вакцината произведена од „Фајзер/БиоНТек“ оваа недела најверојатно ќе добие регулаторно одобрување во Велика Британија.

Велика Британија нареди 40 милиони дози на вакцина, за која се вели дека е ефикасна 95%. Доколку биде одобрена, првите дози на вакцина против Ковид-19 може да пристигнат во болниците за неколку дена. Вработените во здравството ќе бидат први во редовите за вакцинирање, а потоа на ред ќе дојдат и луѓето постари од 65 години.

Така, Велика Британија би можела да биде првата земја во светот што започнала вакцинирање против вирусот САРС-КоВ-2 со вакцина што не се произведува во нивната земја, не вклучувајќи ги волонтерите во Русија кои ја примија вакцината „Спутник В“. А.Н.