Воен брод-болница со 1.000 кревети пристигна во Њујорк за да им помогне на болниците кои се соочуваат со голем број пациенти со коронавирус. Како што јавува „Франс прес“, бродот има 12 операциони сали и 1.200 болничари.

На бродот-болница ќе бидат примени пациенти кои имаат потреба од интензивна нега, а кои не се заразени со коронавирус. Целта е другите болници да се концентрираат на грижата за пациентите со корона вирус.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, изјави за „Си-Ен-Ен“ дека оваа воена помош е „многу важна“.

„Ова е многу трогателно за сите нас, потребна ни е помош“, рече градоначалникот на Њујорк.

Градот Њујорк е епицентарот на епидемијата во САД со повеќе од 33.000 заразени и 776 мртви, според податоците на универзитетот Џон Хопкинс. А.Р.