Според податоците на „Worldometers“, до 13 часот во недела потврдени случаи на позитивни со КОВИД-19 во светот има 3.502,009.

Починале 245.064 лица, а повеќе од 1 милион се оздравени, поточно 1.128.551. Постојат 2.128.394 активни случаи, а во тежок стан во моментот има скоро 51.000.

Од вкупниот број заболени меѓу државите во светот на врвот е САД, каде 1.160.996 биле тестирани како позитивни, а 67448 починале.

Шпанија е на второто место, иако денес има позитивни вести од оваа земја за дневното намалување на бројот на заразени. Во оваа земја, 245.567 луѓе се заразени. И покрај тоа што Шпанија е на второ место според бројот на заразени, бројот на смртни случаи (25.100) е помал отколку во Италија и Велика Британија кои се зад неа по бројот на заразени лица. Повеќе од 28.000 луѓе починале во Италија и Велика Британија.

Во моментот, со бројот на новозаболени, Русија се заканува дека ќе стане најкритична земја. За само еден ден, има скок од 10.633 регистрирани случаи на заразени и 58 смртни случаи. Вкупно во Русија има 134.678 случаи на КОВИД-19. А.Р.