Бројот на починати од болеста „Ковид-19“ во Италија достигна скоро 5.000, бидејќи здравствените власти во саботата објавија дека уште 793 лица се жртви на коронавирусот.

Неверојатното зголемување во саботата за скоро 20 проценти е најголем дневен пораст од почетокот на избувнувањето пред еден месец.

Властите објавија дека 4.825 луѓе умреле од оваа болест, со што ја надмина Кина оваа недела и стане најтешко погодена во светот. Вкупниот број случаи во целата земја се искачи на 53.578, што претставува зголемување од над 5.000 од претходниот извештај со 47.021 заразени.

Најтешко погодениот регион Ломбардија останува во критична состојба, со 3.095 смртни случаи и 25.515 случаи на заразени. Межу починатите има и здравствени работници, а и  старосната граница е симната. Како што пренесуваат италијанските медиуми, веќе не умираат само повозрасните!

Н.С.