Талула, најмладата ќерка на актерите Брус Вилис и Деми Мур, објави на Инстаграм видео на кое нејзиниот татко и ја бричи главата „нуларица“.
На веб-корисниците им се допадна трансформацијата на 26-годишната девојка и и коментираа: „многу си убава“, „ми се допаѓа“, „додади повеќе слики“ – се дел од коментарите.
Многумина ја споредуваат со Деми Мур, која исто така ја избричи целата глава во филмот на Ридли Скот во 1997 година, „G.I.Jane“. Многумина оваа сличност меѓу мајката и ќерката ја искоментираа дека „Изгледа како нејзината мајка“ и дека се подготвува снимање на „G.I.Jane“ 2“
Ал.Н.