четврток, април 25, 2024
домаЖивотСценаБруталното убиство на афроамериканецот ги смири Анистон и Пит

Бруталното убиство на афроамериканецот ги смири Анистон и Пит

Иако го завршија бракот пред 15 години, Џенифер Анистон и Бред Пит се уште се една од главните теми и во странските и домашните медиуми.
Сега се појавија нови информации, бидејќи Бред Пит, наводно, постојано ја следи неговата поранешна сопруга, а причина за ваквите тврдења е последната донација на актерот на истата хумана организација во која Џенифер постојано донира, пренесува „Mirrors“.
Пред неколку дена, во странските медиуми се појавија вести дека ѕвездата на серијата „Пријатели“, погодена од бруталното убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицијата, донирала милион долари на организацијата „Боја на промената“, а споменатите медиуми сега тврдат дека и Бред решил да го стори истото.
Исто така, неименуван извор тврди дека актерот по протестот отишол кај Џенифер, каде, во разговор со неа, тој решил да инвестира милион долари во споменатата организација.

Странските медиуми тврдат дека бруталното убиство на афроамериканецот ги смирил Џенифер Анистон и Бред Пит,  за кои последниве месеци имаше информација дека престанале да се гедаат а дека Бред е во врско со актерката Алија Шокат.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ