По зголемување на бројката на новозарзени кај нас, Бугарија воведува нови мерки за македонски државјани. Според информацијата што ја пренесе БГНЕС , бугарското Министерство за здравство издало наредба за задолжителен 14-дневен карантин за лица кои од Македонија ќе пристигнат во Бугарија.

Истовремено се укинува задолжителниот двонеделен карантин за граѓаните кои пристигнуваат од Босна и Херцеговина и од Црна Гора во Бугарија.

Двете промени се предложени од Главниот државен здравствен инспекторат на Бугарија по оценката на епидемиолошката состојба и ризикиот од ширење на Ковид-19 во Бугарија.

Н.С.