Во најава за наскоро отворање на градинките во Бугарија, државата веќе прави протоколи по кое ќе треба да се водат и вработените, но и родителите. Според овие правила во Бугарија не се прави целосен скрининг на вработените во градинките. Предвидени е да има нешто како тест група направена од Министерството за здравство. Децата ќе бидат примени без лекарски прегледи, иако не биле во градинка повеќе од 2 месеци. Причината е дека спротивното ќе доведе до редици пред амбулантите  и лабораториите кои се и ризик од инфекција. Од родителите се очекува да бидат доволно совесни и да носат само здрави деца во групи.

Групите ќе бидат составени најмногу до 12 деца во група, а ако има повеќе апликанти, тогаш ќе се направат смени на посетување на градинка- на пример, една недела една група, другата недела. Утринскиот филтер ќе остане непроменет, ќе се враќаат само децата со видливи симптоми на малаксаност.

Во случај на инфекција, целата градина ќе биде ставена во карантин. Тогаш, целиот персонал ќе мора да биде ставен во карантин, и веројатно – родителите на децата. Но, сето ова е прелиминарна информација и се заснова на разговори помеѓу директорите и Министерството за образование.

Н.С.