Туристите од Молдавија, Србија, Северна Македонија, Израел и Кувајт ќе можат да влезат во Бугарија откако ќе покажат негативен тест ПЦР направен не повеќе од 72 часа пред нивното пристигнување, без потреба од 14-карантин, пренесува „Бнр.бг“.

Ова го објави на брифингот во Советот на министри лидерот на НФСБ, Валери Симеонов. Одлуката е донесена на барање на туристичката индустрија. А.Р.