четврток, април 25, 2024
домаНасловнаБугарската граница привремено затворена за патниците од Западен Балкан

Бугарската граница привремено затворена за патниците од Западен Балкан

Патниците од Србија нема да можат да влезат во Бугарија од утре, освен во случај на транзит, објавено е на веб-страницата на српската амбасада во таа земја. Бугарија воведе привремена забрана за влез за сите лица од Србија, без оглед на нивното државјанство, од 16 до 31 јули, објави „Бета“.

Одлуката е донесена заради влошување на епидемиолошката состојба во Србија и се однесува на сите гранични премини, преку воздух, море, железница и копно. Исклучок од забраната е дозвола на српските граѓани да транзитираат низ Бугарија со цел да се вратат во Србија. Транзит е дозволен само во случаи кога може да се гарантира итно заминување од територијата на Бугарија, се додава во известувањето.

Бугарската агенција „Новините“ објави дека истите правила како за Србија се применуваат за БиХ, Црна Гора, Северна Македонија, Косово, Албанија и Турција.

Европската унија, чија членка е и Бугарија, одлучи вчера да ја отстрани Србија од списокот на епидемиолошки безбедни земји од кои е дозволено и патување што не е неопходно. Оваа листа не е обврзувачка, туку само препорака на ЕУ за одобрување влез, а некои од 27-те земји-членки не ја следат.

Претходно, Хрватска ги заостри мерките за граничен премин за граѓаните од Западен Балкан.

Поради влошената епидемиолошка состојба во време на коронавирус, земјите ги заоструваат мерките за премин на границите или ги затвораат целосно.

Некои граници меѓу земјите од Западен Балкан се исто така затворени, како што е границата помеѓу Србија и Црна Гора. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ