четврток, април 25, 2024
домаНаше БебеВакцината е потреба и обврска

Вакцината е потреба и обврска

Министерството за здравство по појавата на пет заразени дечиња со морбили од градинката Ташко Караџа, прогласи епидемија. Од мали сипаници заболел и еден возрасен кој бил во роднински врски со едно од децата. Градинката е затворена и 15 дена ќе биде недостапна за децата.

Кај нас е прва прогласена епидемија за морбили во последниве неколку години, додека во соседна Србија овие сипаници одземаа и неколку детски животи. Во Европа, исто така, граѓаните се борат со морбилите за кои се веруваше дека се искорените.  Весникот “Гардиан” ги анализира податоците на Светската здравствена организација (СЗО), кои покажуваат дека околу 60.000 случаи на зараза на мали сипаници, односно морбила, се регистрирани во Европа оваа година, што е два пати повеќе од претходната година и најмногу во овој век. Забележани се и 72 смртни случаи, што е исто така два пати повеќе од 2017 година.
Стручните лица од здравството предупредуваат дека антивакцинатите и другите скептици во врска со вакцинирањето доведуваат до намалување на нивото на колективната иммунност на зарази како морбили, хуман вирусен папилома, грип и други болести и дека нивните ставови дополнително се зајакнуваат и се шират по социјалните мрежи и се користат кај популистите кои се скептични спрема медицинските власти.

Витенис Андриукитис, европски комесар за здравство, ги обвини десничарските популистички политичари за недискриминација, ширење на лажни вести за безбедноста на вакцинирањето и создавање на клима со потполно сомневање.

– Не сум само ЈАС лично загрижен, дури и научно друштво е загрижено – епидемиолози, педијатри, специјалисти за заразни болести и многу министри за здравство. Незамисливо е во денешно време да имаме смрт предизвикана од морбила – деца кои починале од морбила. Ние ветувавме дека до 2020 година Европа ќе биде целосно без морбила – изјави Андриукатис, поранешен кардиохирург.

Сет Беркли, шеф на глобалната алијанса за вакцинирање Гави, изјави дека скептицизмот е заразен како болест.

– Светот денес е многу ранливо место. Не знам дали има и една земја денес, каде што нема преиспитувања за вакцинацијата – вели Хајди Ларсен, директор на Проектот за градење доверба во вакцините.

Различните вакцини предизвикуваат противење во различни земји.
Особено што е посебно алармантно е дека од регионот, најмногу инфицирани има во Србија, дури 640 случаи на заразени од морбили на милион жители.

СЗО, ЕУ и САД формираа групи за истражување на причините за отфрлање на вакцинацијата и се обидуваат да најдат начини да ги убедат луѓето во нивната безбедност и ефикасност. Од СЗО кажуваат дека постојано доаѓаат барањата на владте кои бараат помош.
Десничарските популистички политичари во земји како САД, Италија, Полска, Франција и други, се приклучија кон скептиците, ги поддржуваат и се залагаат за правото на родителите да не ги вакцинираат своите деца во земји каде што тоа е задолжително пред децата да одат на училиште.
– Тие се многу несовесни. Ќе видиме што ќе се случи со заразните случаи кога таквите луѓе ќе бидат во власта, оние кои од почетокот користат лажни вести – изјави комисиерот Андриукитис.

Македонија е не исклучок од еуфоријата против вакцинацијата. Министерот Филипче вели дека ова е последица од неколкугодишните антивакцинални кампањи поради кои и дошло до опаѓање на колективниот имунитет. Тој најави преговори за промена на законот, во смисла да нема упис во градинка и училиште без примени вакцини.

Епидемиолозите предупредуваат дека малите сипаници се болест кои можат да дадат сериозни компликации и апелираат дека вакцинацијата е единствената заштита.

RELATED ARTICLES

Most Popular