Помалку од една третина од целата популација во Европа, вклучително и Русија, е целосно вакцинирана против КОВИД-19, изјави денеска директорот на СЗО за регионот на Европа, Ханс Клуге.

Во моментов, 41 процент од населението во Европа примило една доза на вакцина, додека 29 проценти се целосно вакцинирани, пишува Тасс.

Клуге коментира дека нееднаквоста на вакцините низ регионот е најголемиот предизвик, додавајќи дека Делта сојот предизвикува пораст на случаите и хоспитализациите и дека мерките треба да се прилагодат во локалниот контекст и да се обезбедат брзи вакцини.

– Често ме прашуваат кога ќе заврши оваа пандемија. Краткиот одговор е дека зависи од вас и дека е во рацете на поединци и влади. Знаеме што функционира, имаме докази, има надеж. Заштита на себе и на другите е клучно за справување со оваа пандемија. Поминавме долг пат и сега не смееме да се предадеме – рече Клуге. А.Р.