Утрово течението на Вардар, кај Долно Лисиче, повторно доби железна боја. Причина се уште е непозната.

Инспекторот Мирослав Богдановски и кандидат за пратеник на својата фејсбук страна утрово напиша:

– Во координација со директорот на ДИЖС испратени се инспектори на терен. Ќе се земат урнеци од водата и доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат овој пат казната ќе биде многу поригорозна. Минатиот пат правниот субјект беше казнет со 100.000евра. Се работи за река Вардар кај Долно Лисиче.

Во септември 2019 година, Арцелор Митал исто така ја обои бојата на Варадар, но тогаш соопшти дека дошло до пукање на системот, по што се излеала комбинација на железо и киселина.

На 16 јуни во Вардар се случи последниот еколошки инцидент, откако по течението кај Велес истече мазут од фабриката за масло „Благој Ѓорев“.

Очекуваме да слушнеме што е причинаат за денешниот инцидент во Вардар, како и кој е причинителот.
Н.Доковска
Текстот е дел од проектот ЕКО Едукација за новинари“, поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање