Валентина Ѓоргиевска Парго, акредитиран новинар на Евровизија 2021

(11 мај 2021)

Нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев осамна на страниците на светски познатиот весник „Њујорк тајмс“, по телефонско интервју со новинарот Алекс Маршал.

Во интервјуто пејачот се осврнува на своето разочарување откако минатата година поради корона пандемијата на беше откажан изборот за песна на Евровизија – но и за процесот на создавање на песната Here I stand со која ќе ја претставува нашата земја на 18 мај на Евросонг.

-Цел живот, работев напорно за да стигнам таму, а моето патување дури и не започна, бевев уништен, вели во интервјуто.

За 36 годишниот пејач Евровизија е далеку повеќе од обичен натпревар за песни.

-Тоа е Олимпијада за пеење, објаснува.

Автор е на својата песна за која вели сама излегла од него, не знаел ни дека повторно ќе добие шанса да настапи на големиот фестивал.

Тој на својот инстаграм профил објави и фотографија со неговиот тим, кој годинава е намален за разлика од минатите години.

Евросонгот ќе се одржи 18 и 20 мај, полуфиналиња и 22 мај, големото финале во Ротердам, Холандија, Гарванлиев настапува во првото полуфинале, шести по ред. МТВ ќе врши пренос од 21 часот.

Арената Ахој ќе има исполнет капацитет од 20 проценти, со само 3.500 луѓе во публика кои ги бодрат евровизиските претставници. Таму се се одвива според строги протоколи.

Според кладилниците тој има мали шанси, односно 1% шанса за победа, иако пее уметничка поп песна во која доаѓаат до израз неговите вокални способности.