Валентина Ѓоргиевска Парго, акредитиран новинар на Евровозија 2021

Официјалната забава, на која на претставниците на Евровизија им се посакува официјално “добредојде” се одржа вечерва, 16 мај во Ротердам. Македонскиот претставник Васил Гарванлиев, со имиџ на модерен крал, и неколкучлената македонска делегација, прошетаа по синиот или таканаречен “Тиркизен тепих” , кој е всушност пандан на црвен тепих.

Оваа година, за разлика од порано, ги нема фановите и новинарите да се фотографираат со нив, затоа што со пандемијата бројот е ограничен на минимум, па затоа ја нема и препознатливата еуфорија. Но, елеганцијата не изостана. На високо ниво е.

Тоа може да се забележи од фотографиите на британецот Расел Дејвис, долгогодишен соработник и член во македонската евровизиска делегација.

Му посакуваме многу среќа на Васил, на 18 мај, кога настапува во првото полуфинале и му посакуваме влез во финалето на 22 мај, со песната “Here I Stand”.