Белградскиот музичар Васил Хаџиманов е добитник на наградата за најдобар џез-пијанист на електрично пијано, која му беше доделена на 41-те Годишни Џез Стејшн награди.

Во категоријата „Најдобра џез група“, Васил Хаџиманов Бенд го зазеде второто место.

Другите категории победници вклучуваат џез музичари како Рон Картер, Марк Копланд, Чик Кореја, Ренди Брекер, Дејв Либман и многу други.

Зад оваа награда стои Арналдо Десутеиро, џез-новинар, продуцент, историчар, предавач и продуцент на повеќе од 830 џез-композиции, пренесува Танјуг. А.Р.