четврток, април 25, 2024
домаКујнаВаско Атанасоски е „уредник со причина“ во Кинотека

Васко Атанасоски е „уредник со причина“ во Кинотека

На 23 и 24 март во Кинотеката на Македонија ќе биде промовиран соло албумот „Пази куче“ на Васко Атанасоски.  Пред концертите ќе се прикажат два филма во селекција на Васко Атанасоски,  кои  се  дел од програмата „Уредник со причина“. По негов избор на 23 и 24 март ќе може да гo погледнете филмот: „Избавување“ (Deliverence)  американски филм од 1972 година, во режија на Џон Бoрман, според сценариото на Џејмс Дики, засновано врз неговиот роман. Филмот постигнал голем успех кај критиката и кај публиката, а бил номиниран за наградите „Оскар“ (во три категории – најдобар филм, режија и монтажа) и „Златен Глобус“ (во четири категории). Исто така, голема популарност постигнала и песната „Двобој со бенџо. На 25 март ќе го погледнете филмот „Најдолгиот пат“ веќе култниот македонски филм на режисерот Бранко Гапо, а по сценарио на Петре М. Андреевски. Тоа  е четвртиот игран филм на Бранко Гапо  кој е базиран врз вистински настани од почетокот на XX век. „Најдолгиот пат“ во 1976 година е добитник на наградата Голема сребрена арена во Пула.

Влезниците за концертот на 23 и 24 март во претпродажба се 200 денари (само на билетарницата на Кинотека на Македонија), и со нив следува подарок ЦД од „Сиромашни и богати“ на ХАХАХА, а истите на врата во Кинотека ќе чинат 300 денари, за 25 март влезот е 50 ден. Концертот започнува во 22:00 часот, a додека филмските проекции на 23 и 24 се  од 20:00 часот,  проекцијата за 25 март е од 19:30, пред  почетокот на проекцијата на филмот  Васко Атанасоски ќе се дружи со публиката со која ќе разговара за филмовите од програмата.

„Пази куче“ е првиот соло албум на еден од водечките македонски андерграунд изведувачи, Васко Атанасоски. Албумот излезе во октомври 2017 година за „Geenger Records“ од Хрватска (заедно со „Балкан Велики“, издавачката куќа на Атанасоски). Албумот е објавен како винилно издание.

На оваа плоча Атанасоски е продуцент, автор на текстовите, музиката и аранжманите, а воедно и вокал, гитарист, басист… Иако Атанасоски презема голем дел од обврските за албумот, има и неколку клучни соработници кои го прават „Пази Куче“ тоа што е.

Најважен соработник е Дени Крстев (програмирање на ритамот, клавијатури), а воедно и сите песни на албумот се снимени и мастерирани од Крстев во неговото „Студио 1060“. Секако и очекувано, соработници се и Кристина Горовска од „Бернајс Пропаганда“ и Мајк Ват (Minutemen, Iggy Pop And The Stooges), кој, исто така, е автор на фотографијата за задната страна на албумот. Иван Антуновиќ го направи дизајнот за „Пази куче“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ