четврток, април 25, 2024
домаНасловнаВаучерите за домашен туризам може да се искористат до вторник, 15 декември

Ваучерите за домашен туризам може да се искористат до вторник, 15 декември

Крајниот рок за искористување на ваучерите за туризам е 15 декември 2020 година, а заклучно со денешниот ден биле искористени 61.648 ваучери за домашен туризам од вкупно доставени 100.336 ваучери на валидни е-маил адреси, информира министерството за економија.

-Гостите коишто користат ваучер за домашен туризам ќе треба да бидат одјавени од сместувачките капацитети најдоцна до 15.12.2020 година. Хотелиерите коишто имаат гости кои користат ваучери за туризам ќе треба најдоцна до 18.12.2020 година до Министерството за економија да достават фактури за плаќање, по што до крајот на годината ќе им бидат исплатени средствата од искористените ваучери – се вели во соопштението од министрерството за економија.

Со мерката „Ваучери за домашен туризам“ во вредност од 6.000 денари, која е дел од Третиот сет мерки на Владата за справување со последиците предизвикани од пандемијата, беа поделени 117.531 ваучер за домашен туризам на сите вработени граѓани кои во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле вкупни нето приходи од плата и надоместоци од плата поголеми од 60.000 денари, според податоците од Управата за јавни приходи.

Ваучерите за туризам се користеа во домашните туристички објекти кои беа регистрирани на платформата „Дома си е дома“. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ