Кога се работи за вашите деца, вие сте нивниот водич во светот на пишувањето и читањето. Затоа е важно да се посветите на развојот на малата моторика кај своето дете и заедно да ги извежбате рацете и прстите. А со малку фантазија и идеи, ќе ги претворите моторичките вежби во заедничка игра.
Познатиот јапонски лекар Јоширо Цуцуми ја истакнал важноста на вежбите во развојот: “Вежбите за прсти претставуваат оригинален начин за зачувување на здравјето, кој настанал врз основа на резултатите на повеќегодишните научно-практични трудови и е заснован на илјадагодишното искуство на кинеската медицина”.

Спојување и раздвојување
Со оваа вежба истовремено се вежба моториката, но и се забавувате, бидејќи за една минута потребно е да направите што е можно повеќе спојувања и раздвојувања со што е можно помалку грешки. Што треба да направите? Показалецот од десната рака се прилепува за средниот прст од левата, па со самото тоа показалецот на левата се прилепува до средниот прст на десната рака. Еден пар се раздвојува, и раздвоените прсти почнуваат кружно движење во различни страни, еден кон друг во пресрет. Кога ќе се сретнат, се се повторува од почеток. Не е толку лесно, зарем не?

Прошетка со прстите
Во оваа игра може да се натпреварувате: кој ќе биде најбрз и без грешка – победник е! А задачата е следна: прстите се допираат така што палецот остварува контакт прво са показалецот, средниот прст, до малиот и малиот прст. Потоа се допираат по обратен редослед, и тоа посебно за левата и посебно за десната рака. Кога ќе дадете команда, почнете во исто време да пребирате по прстите на десната рака во директен правец, а со прстите од левата во спротивен. Потоа променете го правецот! Секако, дозволено е да го пуштите вашето дете да ве победи, за да го поттикнете и заинтересирате.

Плен
Брзината и вештината се двете вештини кои го одредуваат победникот. Освен тоа, вашето дете ќе ја засака оваа игра поради реквизитите кои се користат. Соберете се што имате по дома – копчиња, парички, шрафови, канцелариски нитни и друго па се ставете на масата. Задачата е за една минута да се соберат што е можно повеќе предмети, а можат да се користат и левата и десната рака. По една минута се пребројуваат предметите, а победува оној кој ги има најмногу!

Огледало
Ова е игра на блискост, вежба на движења и концентрација. Знаете како на часовите по глума постои вежба со огледала, кога го имитирате се она што вашиот партнер го прави? Ист принцип може да примените во оваа игра. Два играча седнуваат еден спроти друг, дланките спуштете ги на масата со раширени прсти. Еден од играчите подигнува еден прст (сам одлучува кој) додека останатите треба да бидат прилепени за масата.
Другиот играч го прави истото на како одраз во огледало. Победува оној кој ќе направи помалку грешки.

Будење
Ако сакате да ја вежбате концентрацијата и вниманието, играјте Будење. Се работи за будење со прстите бидејќи во почетната положба сите спијат. На ваша команда треба да се “разбуди”, да го крене соодветниот прст додека сите останати треба да мируваат. Играта може да биде и посложена ако ги комбинирате прстите на двете раце, особено ако се работи за различни прсти, пр. “палецот од левата рака и најмалиот од десната”. Верувајте сигурно ќе ги насмеете!

С.Н.