Британската влада договори да купи 40 милиони дози од идната вакцина против коронавирус за 2022 година, на која работи француско-австриската компанија „Валнева“. Така, вкупниот број на потенцијални вакцини на оваа лабораторија, кои ги нарача Велика Британија, изнесува 100 милиони, беше објавено денес.

Француско-австриската компанија за биотехнологија „Валнева“ и Велика Британија во септември потпишаа партнерство за набавка на потенцијални 190 милиони дози вакцини, со максимална вредност од 1,4 милијарди евра.

„Валнева“ соопшти дека британската влада ја задржува можноста да набави 90 милиони дополнителни дози што би можеле да бидат испорачани помеѓу 2023 и 2025 година.

Велика Британија објави дека по последниот договор, бројот на вакцини што земјата ги нарачала од различни добавувачи ќе изнесува 407 милиони, за периодот од следните две години. А.Р.