Фото Pixabay

Владата на Велика Британија објави дека британските граѓани, кои пристигнуваат од земји со кризна состојба поврзана со коронавирусот, ќе бидат сместени во десетдневен хотелски карантин од 15 февруари.

Ова ќе се однесува на патниците од земјите на „црвената листа“, како што се земјите од Јужна Африка и Латинска Америка.

Владата соопшти дека ќе го финализира планот, по консултации со претставници на туристичкиот сектор, вклучително и склучување договори со хотели во близина на аеродромите и пристаништата.

Велика Британија веќе бара патниците да имаат негативни резултати од тестовите за присуство на коронавирус, пренесе Ројтерс.

Опозицијата ја критикуваше владата зошто не го спровела планот побрзо, бидејќи мутираната форма на вирусот се појави во Јужна Африка пред повеќе од месец и половина.

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок разговараше со членови на австралиската влада, каде што во март минатата година беше воведен карантин, а исто така ќе се побара совет и од Нов Зеланд. А.Н.