Вечерва, со почеток од 21 часот во МКЦ ќе настапат бендовите “Ambroz” и “Transhunter“. МКЦ во соработка со “Terrorvoid Promotions” го најавува својот прв лајв стрим концерт.

Тимот на “Тerrorvoid” реши да остане пркосен, и да продолжи да го шири духот на подземјето на единствениот начин на кој моментално тоа e изводливо. Без публика, сами со својата агресија и мрак во живо од МКЦ. Од 21 часот настапува „Transhunter“, а од 22 часот е концертот на „Ambroz“.
Следете преку https://www.facebook.com/mkc.mkd/