Како што најавивме пред некое време, вечерва  Кире Мирчовски ќе го промовира својот нов албум “Инсанус” со снимена концертна свирка, неодамна на покрив на Теферич. Концертот ќе биде прикажан на неговиот фб профил, во 19 часот.
Тој вели :
-Концерот ќе биде онлајн на мојот профил. Затоа што мерките не ни дозволуваа концерт во живо. Не сакав да направам промоција кога луѓево се во паника и им  е страв од собири. Сите тие протоколи и организација и мене  ќе ме измореа уште толку. А вака, го отсвиривме материјалот и сите од дома ќе можат на раат да не слушнат, или вечерва, или кога сакаат. Повелете кај мене на профил ни рече младиот и мошне талентиран музичар, автор и пред се, гитарист.
В.Г.Парго