Љубителите на ликовната уметност ќе може да уживаат во вечерашниот настан на „Скопско лето“, а тоа е Јубилејната изложба – 110 години од раѓањето на Димче Коцо (1910 – 2020) која е во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија.
Изложбата ќе биде отворена во 20 часот во просториите на Националната галерија, објектот Чифте амам. Изложбата ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани.
“Скопско лето” најавува  на 24.06.2021 (четврток) со почеток во 20 часот во Музејот на македонската борба и концерт насловен „МОЦАРТ И КЛАРИНЕТОТ”. Изведувачи на концертот се Бранко Павловски – кларинет, co ансамблoт на „ПОЛИФОНИЈА” – Јулија Хагер – пијано (Германија), Сања Шуплевска – виолина, Станислава Алаѓозовски – виолина (Србија), Сашка Стојановиќ – Крстиќ – виола (Србија) и Кирил Калмиков – виолончело (Канада).
Истата вечер, ќе се одржи уште еден извонреден концерт на дуото „ХАГЕР – КАЛМИКОВ“ кое се состои од Јулија Хагер – пијано (Германија) и Кирил Калмиков – виолончело (Канада). Концертот е  во соработка со уметничкиот центар „ПОЛИФОНИЈА“, а ќе се одржи во Музејот на македонската борба во 21 часот.
Концертите ќе се одржат согласно протоколите за одржување на настани и во продажба ќе бидат пуштени ограничен број на влезници по цена од 200 денари. Влезниците се во продажба на https://www.karti.com.mk/
Погледнете ја и следете ја целосната програма за „Скопско лето“ 2021 на следниот линк: https://issuu.com/skleto/docs/katalog_skopsko_leto_2021/13?fbclid=IwAR0Zo687HfQ9DmOa1VW54uygLvobOG-K2ASMMWwC1ZgtHO0prOfFKsOpEYM