Премиерот Оливер Спасовски денеска преку видео порака апелираше до сите граѓани да ги одложат патувањата надвор од земјава.

„Секоја држава во регионот и во Европа има свои мерки за заштита и имаме проблем граѓаните да не можат да ги поминуваат границите или да остануваат некаде заглавени на граничните премини. Тоа дополнително создава проблем за институциите на државата. Уште еднаш апелирам граѓаните да ги одложат патувањата и да не патуваат надвор од државата“, вели Спасовски во пораката.

И министерот за надворешни работи Никола Димитров на синоќешниот прес со министерот за здравство Венко Филипче, апелираше да се одложат патувањата од и кон земјава, и оние што имаат регулиран престој во трети земји да останат таму. Министерот Димитров апелот го упати со објаснување дека има граѓани кои веќе се заглавени на аеродроми или граници во период кога секоја држава носи индивидуални мерки за затворање на проток на патници, но се вложуваат напори тие да стигнат дома.Тој синоќа најави дека ЕУ вверојатно ќе ја затвори Шенген зоната за влез на странци, а тоа утрово беше потврдено и од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. А.Р.

Сите граѓани да ги одложат патувањата надвор

Апелирам до сите граѓани да ги одложат патувањата надвор од Република Северна Македонија. Секоја држава во регионот и во Европа има свои мерки за заштита и имаме проблем граѓаните да не можат да ги поминуваат границите или да остануваат некаде заглавени на граничните премини. Тоа дополнително создава проблем за институциите на државата. Уште еднаш апелирам граѓаните да ги одложат патувањата и да не патуваат надвор од државата.

Публикувахте от Oliver Spasovski в Понеделник, 16 март 2020 г.