четврток, април 25, 2024
домаНасловнаВиена бара соработка од македонското МВР за синоќешниот напад, три лица со...

Виена бара соработка од македонското МВР за синоќешниот напад, три лица со македонско државјанство учествувале во нападот

Откако Министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер потврди дека напаѓачот кој синоќа го изврши терористичкиот напад во центарот на Виена потекнува од Северна Македонија, многу прашања останаа неодговорени за граѓаните нa Северна Македонија.

Нехамер рече дека напаѓачот, убиен од полицијата, имал 20 години, дека има македонско потекло и дека е осуден за терористичко здружување. Тој за агенцијата АПА изјави дека терористот има австриско и северно македонско државјанство.

– Тој беше опремен со лажен појас за бомби, автоматска пушка, пиштол и мачета, оружје со кое изврши грозоморен напад врз невини граѓани – нагласи Нехамер.

Австрискиот адвокат Николаус Раст, кој го бранел убиениот терорист Кујтим Фејзулаи на претходно судење, вели дека тој израснал во сосема нормално семејство, но дека имал несреќа да се дружи со погрешни луѓе.

„Да не одеше во џамија, туку на бокс, ќе станеше боксер“, рече Раст.

Според него, тој се радикализирал како тинејџер додека редовно одел во џамија. Како што изјави за агенцијата АПА, Фејзулаи бил „млад човек без ориентација, кој барал место во животот“.

Австриската полиција преку Европол доставила барање до полицијата во Северна Македонија за соработка и информации во врска со терористичкиот напад во Виена во кој еден од напаѓачите бил од Тетово, но и за уште две лица кои се поврзуваат со нападот, соопшти македонското МВР. Освен за Кујтм Фејзулаи, 20 годишниот терорист кој беше убиен уште вчера вечер во Виена се бараат податоци и за Арџенд Ганији и Узеир Авдили од Скопје. Проверките покажале дека се работи за лица кои исто како и Фејзулахи имале и австриско и македонско државјанство. Засега не е утврдено зошто конкретно австриската полиција го анализира нивниот профил.

Се дознава и дека е остварена и директна комуникација меѓу премиерите Заев и Курц.

Австриската полиција испратила листа со повеќе од 10 лица кои ги поврзува со терористичкиот напад во центарот на Виена. Освен за тројцата кои се со македонско и австриско државјанство, се бараат државјани и од Косово, Чеченија.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ