Виз Ер ја продолжи суспензијата на услуги на повеќето пазари во поранешна Југославија, како резултат на пандемијата предизвикана од коронавирусот „Ковид-19“. Превозникот, кој првично планираше да ги започне услугите од регионот на 1 мај, сега ги одложи повеќето летови до средината на мај или почетокот на јуни. Понатамошни промени остануваат можни.

„Виз ер искрено се извинува за нарушувањето на распоредот на патниот сообраќај,  но остануваме на ставот дека нашите клиенти и гаранции за безбедноста и благосостојбата на нашите патници и екипажот останува главен приоритет на авиокомпанијата“, се вели во соопштението на компанијата.

Авиокомпанијата останува оптимист во однос на изгледите за пораст на периодот по завршување на пандемијата и рече дека „целосно очекува да ги одржи своите планови за растечки капацитет во просек од 15% на годишно ниво“.

Според предвидениот распоред, се очекува Виз Ер потворно да лета од Македонија од 17 мај, освен за Малта, кој летови се планираат да се обноват од 2 јуни.

Во претходните недели, Виз ер управуваше со голем број летови за репатријација на граѓаните, како и за карго. Само колки за потсетување, со помош на оваа компанија, а во име на македонската влада, вратени беа дома околу 600 македонски граѓани од цела Европа. Менаџерот за корпоративни комуникации на Виз Ер, Паулина Госк, рече: „Прекрасно е чувството да можеме да им помогнеме на оние што треба да се вратат кај своите семејства во овој тежок период, бидејќи знаеме дека заедно можеме поефикасно да се соочиме со оваа пандемија. Виз ер е посветен на своите патници и ќе остане така без оглед на контекстот. Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот отсекогаш бил приоритет број еден на Виз Ер и ние остануваме верни на овој принцип во сите услови, особено во овие времиња “. Превозникот, исто така, минатата недела пренесе помош од Будимпешта во Бања Лука.

Летовите на Виз ер со резервации погодени од забраната на летање автоматски ќе бидат известени преку е-пошта, доколку клиентите се резервираат директно преку веб-страницата на Виз Ер или преку мобилната апликација на авиокомпанијата. Вкупно 120% од оригиналната цена ќе биде автоматски вратена на Wizz сметката на клиентот, со сумата што ќе се искористи во наредните 24 месеци за набавка на производи и услуги на Виз ер. Патниците исто така можат да се одлучат за враќање на готовина, кој процес ќе трае подолго, но како што информираат од компанијата клиентите ќе бидат информирани за потребните чекори за банкарски трансфер или трансфер на банкарска картичка на посебна е-пошта. Во овој случај, клиентите ќе ги исполнуваат условите за враќање на 100% од оригиналната цена. Патниците кои ги прават своите резервации преку туристички агенции, вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции, треба да стапат во контакт со компанијата од која ги купиле своите билети.

Н.С.