Бендот „Винил бандитс“ е еден од перспективните бендови на македонската сцена. Бендот е од Прилеп, составен од професионални музичари, кои работеле во различни постави.
Во оваа формација постојат повеќе од пет години, иако пред тоа под името „Банда бенд“ функционираа како „кавер бенд“. Сега се ребрендирани во „Винил бандитс“ и започнуваат со авторски проекти.
Неодамна ја објавија својата авторска песна „Сенка“, во чиј спот се вклучени и познати актери од прилепскиот театар.