Валентина Ѓоргиевска Парго

Во желба да го претставиме господинот Винко Михајловиќ најавтентично, и почетно само во една реченица, да кажеме дека тој е директор на два и повеќе значајни балкански фестивали-“Петровац џез фестивал” и “Монтенегро реге фест”.

*Добредојдовте на нашата разговорна средба. Навистина, веднаш зачудува, како успевате да го организирате сето тоа успешно, на овие два фронта?

– Долгогодишното искуство што го носам од разни проекти што ги правев и организирав во младоста, само придонесоа да се усовршам со текот на времето во многуте организирани работи кои што сум ги направил досега. Ова се е надоградено искуство и човек учи додека е жив, а за многу работи секако треба и добар тим и кога се ќе се постави на свое место, може да се добие само добар производ, а тоа е добро организирана манифестација. Се разбира, се на почетокот како нов проект е голем предизвик бидејќи не е секоја манифестација иста или место од каде се почнува, како ни музиката која се изведува на неа, но со голема посветеност, љубов и желбата е само успех на она што треба да биде добро подготвена манифестација од било кој тип.

*”Петровац џез фестивал” ќе се одржи наскоро. Самото место на одржување ни дава до знаење дека е нешто посебно, романтично. Каква програма ги очекува љубителите на џезот оваа година, на овој етаблиран и прилично афирмиран фестивал? 

-Петровац џез фестивал е веќе јубилеен, и одбележува 15 години постоење. Низ фестивалот поминале над 1800 учесници од над 25 земји од целиот свет. Фестивалот не е само џез, туку и блуз, етно и ворлд музика, низ разни дополнителни програми како што е филмскиот самит, џез фолк кидс, летната џез школа, воркшоповите, и други програми кои се вклучени во самата манифестација. “Петровац џез фест” е препознаен секаде во светот така што во 2015 година на покана на Министерството за култура на НР Кина бевме почесни гости со 26 директори на исти манифестации од Европа. Во 2017 година, на покана на германското Министерство за култура, отидовме во Бремен- Џезахед каде е епицентарот на сите џез -фестивали и музичари и каде ги претставивме исто така и Петровац, и Будва и Црна Гора. Нашата мисија, покрај промовирањето на фестивалот, е да го промовираме градот и општината, како и земјата од која потекнуваме, а во соработка со преку 8 фестивали низ целиот свет, промовираме и музичари од Црна Гора, како единствен фестивал кој ги промовира музичари на истите фестивали и на некои нови дестинации. Веќе неколку години се промовира и манифестациски туризам, „Нека манифестацијата биде вашата дестинација“, со разни земји, и така работиме на самата промоција на туризмот. Што се однесува на местото на одржување на фестивалот во 2018 година само џез се свиреше како и претходните години во Будва и Петровац, на повеќе локации и траеше 18 дена, за да минатата година поради пандемијата одат концерти преку Интернет и оваа се враќаме во двата града, но со помалку денови и фестивалите ќе бидат на неколку локации во Петровац и Будва. Мораме да подвлечеме дека оваа година многу музичари во последен момент променија и не можат да дојдат, зошто се под вирус, така што и оваа година програмата е подложна на промена на изведувачите, поради ситуацијата. Така што, програмата како програма ќе биде попрецизно позната кога ќе се приближат деновите на одржување, но досега имаме некои одлични имиња како и секоја година, за џез школа и за концерти, како и за работилници и остатанатиот дел од програмата.

*Дали вашите фестивали има место и за македонските џез изведувачи ? Или можеби и Вие ни ги испраќате вашите џезери со нас, и ние имаме успешни фестивали.

-Како што рековме, имаме одлична соработка со многу земји и тука е и вашата земја каде на нашиот фестивал освен на реге фестивалот имаше многу музичари од Македонија на џез фестивалот. Оваа година очекуваме да бидеме домаќини на Ема Попивода, Сашо Поповски, Симон Киселички, секако тука се музичари и од други земји како српската џез дива Нада Павловиќ со нејзиниот бенд, квинтетот на Макс Кочетов, Оријен Риџановиќ, квартетот Милан Петровиќ, Дафиа од Израел и многу други кои ќе настапат во четирите дена. Соработка постои и со битолскиот џез фестивал, како што реков, соработуваме со преку осум фестивали во светот и разменуваме музичари, а и преку едукативниот дел, во кој Тони Китановски често доаѓа со професори од Универзитетот “Гоце Делчев” кои и предаваат на нашиот фестивал. Секако дека на истиот фестивла испраќаме и свои, но желба ни е да го прошириме и на други фестивали доколку се заинтересирани, и од оваа година потпишуваме протокол за соработка со фестивалот “Модоарс” од Скопје.

*”Монтенегро реге фест” во самото име е привлечно како нешто ново и интересно. За што станува збор?

– “Петровац џез фест” е еден фестивал и се одржува веќе 15 години а “Монтенегро реге фест” е вториот фестивал којшто оваа година одбележува 10 години постоење и е единствен во Црна Гора. Петровац се одржува традиционално , оваа година 15 години традиционално, од почетокот на септември и ќе биде од 3 до 6 септември, а и “Монте Негро сан реге фестивалот” е секогаш во јуни месецот , но оваа година го поместивме поради пандемијата и ќе биде на рондо базен со рондо на словенечката плажа во Будва на 28, 29 август 2021. И на реге фестивалот, да се потсетиме, имаше музичари од Македонија како Нати Флај и други. Она што е привлечно на нашите фестивали е што се од бесплатен карактер, нема влезници зошто фестивалите треба да бидат промоција на туризмот што е наше мислење а кога сето тоа ќе се посоли со онаа дефиниција “Море, сонце, лето и манифестацијата , ете, тоа му дава сам шмек на нешто интересно и привлечно.

*Во Србија го започнувате” Џезаленд”. Кога ќе биде и каде? Каква ќе биде програмата? 

-Да во Србија подигнуваме проект кој се вика” Џезаленд”, кој ќе биде засега на место на Темерин во близина на Нови Сад. Проектот е замислен за секој град да го носи печатот на Џезаленд во кој ќе го држиме како за почеток во овој случај, „Џезаленд Темерин“ и ќе се одржи од 18 до 19 септември 2021 година, исто така, е од бесплатен карактер, за да се промовира манифестациски туризам на Темерин, воедно да може да се вклучи во асоцијациите во кои сме вклучени и да биде препознатлив по првото одржување. Кога велиме асоцијација, едно од асоцијациите е асоцијација каде покрај “Петровац џез фестивалот” ќе биде и “Џезаленд”, а тука се и битолскиот џез фест и “Модоартс фест” од Македонија. Фестивалот Џазаленд во Темерин е дизајниран да биде блуз, етно и ворлд музика покрај џезот, да се вклучени и граѓани, и уметници, преку програмата на фестивалот и активно да се вклучат и да бидат дел од оваа манифестација низ разни програми и активен волонтаризам, затоа што тоа е сепак градски фестивал за кој помогна општина Темерин и генералниот покровител Туристичка организација на општина Темерин, како и други пријатели и бизнисмени на Темерин. Фестивалот ќе се одржи на повеќе места во Темерин и годинава ќе трае два дена. Но, како што рековме, во зависност од оваа ситуација со коронавирусот можни се и промени во програмата, планирани се два фестивалски дениви со над 60 учесници од повеќе земји, вклучувајќи ја и Македонија, и ќе ве информираме за тоа во кој сегмент настапуваат и кој настапуваат.

* Многу успешни музички настани се во Ваши раце. Од каде добивате сила и ентузијазам да го направите и организирате сето ова? Дали ви се допаѓа многу џезот, дали имате посебно чувство за овој вид музика? 

-Кога човек сака нешто што да прави, тогаш се посветува целосно на тоа. Велам, со тим покрај себе, успехот е загарантиран. Многу настани се случија, многу ќе се случат и ќе имаме многу повеќе идеи за да нашето знаење им го подариме на сите. Постои сила во нешто што го правите со полно срце затоа што како што велиме желбата е моќ, моќта е желба и кога имате желба одите до крај.Тоа е исто ако ви се допаѓа некој дали ќе се откажете и го препуштате на некој друг или ќе бидете упорни и ќе ја освоите сакана личност. Јас работев како професионален диџеј во младоста и некако тоа го влечам од раната младост преку различни стилови кои ги пуштав и така го градев својот вкус, кој е лепеза. Многу луѓе мислат за да организирате пример реге или џез, само тоа треба да го слушате или само тоа да го сакате, напротив, тоа не е случај со мене. И мислам дека имам малку поширок поглед за се, затоа што слушам многу нешта.

*Во суштина, како се одлучивте за сиве ове ангажмани? Што Ве повлече?

-Одамна сакав да покренам нешто како фестивал, но не дека имав страв, туку се сомневав, бидејќи во туризмот има многу што да се понуди. Кога првпат започнав со џез 2007 година, сите беа скептични и недоверливи дека оваа приказна ќе успее, но вроди со плод, што се покажа истото и за единствениот реге фестивал во Црна Гора. Еве ние траеме, мене ми е жал што многу фестивали во Црна Гора, како џезот, полека се гаснат и не успеваат да се одржат, но ние ќе се обидеме да издржиме што е можно подолго и да го промовираме името на градот Петровац, како и општина Будва и Црна Гора, и да им заблагодариме на несебичната поддршка на Општина Будва и Туристичката организација на Будва, кои се со нас од првиот ден, како и на многу амбасади, спонзори и пријатели на фестивалот кои се секогаш тука за да не поддржат.

*Дали сте запознаени со џез фестивалите во Македонија? Дали некогаш сте биле со наш гостин?

-Да, се разбира, јас сум запознаен и со Скопје, Битола, “Модоартс”… Само одам до Битола кај господинот Сашо Поповски затоа што соработката е одамна започната и во оваа прилика заблагодарувам секогаш на поканите, иако оваа година не можев да дојдам, но се надевам следната, за да ги поддржам во она во што тие се обидуваат да го направат, и од почетокот на соработката, а се надевам дека ќе одам на “Модоартс”, а за другите не добивме баш некои покани за соработка, но не ја исклучувам можноста за соработка доколку и тие се заинтересирани.

* Како сета оваа ситуација со корона влијаеше врз вашата работа? Што е тоа што сакате да успеете во иднина?

– Да, се разбира, влијаеше на многу музичари, тие не можат да дојдат според планираното, но се надеваме дека се ќе дојде на свое место веќе следната година. И Оваа година ќе успееме да ги одржиме сите според епидемиолошки мерки кои мора да се спроведат, иако нема влезници на влез, оние мерки кои се уште во сила за фестиваложите во Црна Гора, дека се вакцинирани, или прележан вирус или со брзи тестови што како фестивал ќе ги имаме како во понудата во соработка со здравствениот дом во Будва. На овој начин ги поканувам сите што сакаат да поминат убави денови во Црна Гора кон крајот на август да дојдат на реге фестивалот или на почетокот на септември на џез фестивалот во Црна Гора, како и покана да дојдете во Темерин за да уживате во благодетите на Војводина во “Џезаленд” од 18 до 19 септември, 2021 година.