Во октомври се навршуваат 13 години од постоењето на фестивалот „Десонанз “ – еден од најпроминентните културни настани во Македонија. Заради пандемиските услови, фестивалот не се одржа минатата 2020 година.

Овогодинешното 12-то по ред издание на „Десонанз“ ќе се одржи виртуелно, согласно безбедносните мерки. Онлајн програмата ќе биде распоредена во два фестивалски денови, а фокусот ќе биде насочен кон локалната современа електронска музика.

Преку Youtube каналот на Десонанз Фестивал, на 29.10 и 30.10 премиерно ќе бидат емитувани авторските настапи на: Марко Рикалоски, Филип Митров и „Tears In Rain“.  Фестивалот „Десонанз “ е организиран благодарение на финансиската поддршка на Делергацијата на Европската унија во Скопје и „Europe House Skopje“.

Институционален партнер на фестивалот е Кинотеката. Соработници на фестивалот и благодарност до: СОКОМ, Алшар Студио, Persona Film Production, Petar John, Fotoroot Photography, Amok Radio, Oubli, Babylon. А.Н.